Баерн во баварски стил ја прослави бундеслигашката титула, во фокусот Милер и Кејн (Видео)

По едногодишна пауза, Баерн Минхен повторно слави бундеслигашка титула, тимот ја прифати поканата на градот Минхен и ја прослави титулата на Мариенплац.

На плоштадот има 15.500 фанови, од безбедносни причини, не е дозволено да има повеќе. Фудбалерите облечени во традиционална баварска облека, од познатиот балкон на зградата на градското собрание ги поздравуваа фановите.

За иконата на клубот Томас Милер ова е последен пат да слави титула! Тој ќе го напушти клубот по претстојното Светско клупско првенство.

„Имам лоши вести, не подготвив шега за денеска. Сакав само повторно да ви се заблагодарам на сите за сите прекрасни години. Се надевам дека ќе продолжите да го поддржувате тимот во годините што доаѓаат. Имаме млади играчи кои разбираат што вреди Баерн, што значи Баерн. Ви благодарам, Сервус, чао“, рече Милер кој додаде дека одлично си поминале на патувањето на Ибица, и се пошегува дека можеби некои тимови треба да го следат нивниот пример ако сакаат да победат со 4-0.

Баерн по враќањето од прославата на Ибица победи со 4-0. За Милер тоа беше 13-та бундеслигашка титула. За разлика од трофејниот ветеран, првпат во кариерата титула освои Хари Кејн, па и тој доби гласни овации кога се појави на балконот.

- Оглас -

Најнови вести