Баерн заборави како е да се биде во резултатска негатива

Актуелниот европски првак Баерн Минхен, по првото полувреме води на гостувањето кај Локомотив Москва со 1-0, а Баварците повеќе од една година не губеле во меч од Лигата на шампионите. Баерн повеќе од 900 минути има или позитивен резултат или нерешен. Последен тим кој водеше против Баерн е Олимпијакос во Атина пред повеќе од една година.

Леон Горецка даде гол за водство на Баерн кај Локо. Интересно е што Горецка има три гола во ЛШ, од кои два му се во 14-тата минута. Еден има дадено во 41-ва, што значи дека ривалите треба да се плашат од него кога има комбинација на броевите 1 и 4. Горецка сезонава во дресот на Баерн има постигнато четири гола на осум настапи.

- Оглас -

Најнови вести