Бајиќ го објави списокот за двомечот со Грузија, се очекува камбек на Димитријевиќ и Јакимовски

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, го објави списокот на играчи на кои ќе смета во февруарскиот циклус од квалификациите за пласман на Светскиот куп 2023.

На списокот од 24-ица кошаркари се најде и Ненад Димитријевиќ, па се очекува негов камбек во националниот тим.

Во вториот дел од квалификациите, нашата машка сениорска репрезентација ќе одигра два натпревари.

На 24 февруари во Тбилиси, селекцијата на Грузија ќе ѝ биде домаќин на  Македонија, а три дена подоцна, во меч од четвртото коло двете селекции пак ќе играат меѓу себе, но во Скопје

Еве го комплетниот список со кошаркари за двата меча во Г групата:

Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)

Дамјан Робев (МЗТ Скопје Аеродром)

Адем Мекиќ (МЗТ Скопје Аеродром)

Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)

Војдан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)

Андреј Андоноски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Виктор Исајлоски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Дарио Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Бобан Стајиќ (Пелистер)

Стојан Ѓуроски (Пелистер)

Виктор Ефремовски (Гостивар)

Андреј Маслинко (ТФТ)

Андреј Митревски (Феникс 2010)

Амар Хот (Феникс 2010)

Павел Данаиловски (Работнички)

Валмир Какруки (Работнички)

Андреј Магдевски (АСУ Плоешти-Романија)

Ненад Димитријевиќ (Валенсија-Шпанија)

Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија)

Џејкоб Вајли (Реал Бетис-Шпанија)

Лука Савиќевиќ (Источен Мичиген-САД)

Андреј Јакимовски (Вашингтон Стејт-САД)

 

- Оглас -

Најнови вести