Бодо/Глимт е на прагот на четвртфиналето во Лигата на шампионите, и ако успее да го направи тоа, ќе го повтори успехот на Розенборг кој во 1997 година ја претставуваше Норвешка во четвртфинале на ЛШ.
Бодо вечерва со 3-0 го победи Спортинг Лисабон и веројатно ќе оди понатаму каде го чека Арсенал или Баер Леверкузен.
Освен што бележи добри резултати, Бодо/Глимт кој во сезоната 2024/2025 не ни беше првак на Норвешка (титулата ја освои Викинг), игра и убаво за око, и не случајно се нивните победи во Европа. Ако го поминат Спортинг, заслужено ќе бидат меѓу осумте најдобри во Европа, нешто што никој не го очекуваше од нив.

