Бајката на Торонто продолжува: Рептилите водат со 1:0 во големото НБА-финале (Видео)

За првпат во историјата на НБА-лигата еден тим од Канада заигра во големото НБА-финале и го доби првиот меч. Торонто славеше со 118:109 против Голден стејт и поведе со 1:0 во серијата до четири триумфи.

Најдобриот играч на Торонто, Кавај Ленард, беше со релативно скромен учинок, па на крајот заврши со 23 поени. Изненадување за шампионот беше играта на Паскал Сијакам, кој мечот го заврши со рекордни за него во плејоф-мечевите 32 поени. Сијакам беше речиси перфектен, па погоди 14 од 17 удари од поле.

За Голден стејт ова е прв пораз во плејофот откако е без повредениот Кевин Дурант. Кај гостите најефикасен беше Стеф Кари со 34 поени, Клеј Томпсон додаде 21 поени, а Драјмонд Грин имаше трипл-дабл со по 10 поени, 10 скока и 10 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести