Бакнежот со фудбалерката скапо ќе го плати, Рубијалес утре ќе си поднесе оставка

Претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ), Луис Рубијалес, под притисок на јавноста, на ФИФА, но и на шпанските политичари, утре ќе си поднесе оставка.

Рубијалес се најде во центарот на вниманието на фудбалската и светската јавност минатиот викенд, кога по финалето на Светското првенство во женска конкуренција, на победничкиот пиедестал ја бакна во уста фудбалерката Џени Ермосо.

Рубијалес, кој од 2018 година е на чело на РФЕФ, според шпанските медиуми, на утрешната вонредна седница на Федерацијата ќе си поднесе.

Медиумите повикувајќи се на анонимни извори од Федерацијата, објавија дека Рубијалес немал намера да си поднесува оставка, но поради големиот притисок кој го изврши шпанската влада на чело со премиерот Педро Санчес, на крајот одлучил да се повлече.

 

- Оглас -

Најнови вести