Балканска трагедија – Србија со смешен автогол прокоцка победа, Босанците примија гол во 95. минута (Видео)

Комичен автогол си постигна Никола Миленковиќ во 86. минута во Даблин и Србија прокоцка чиста победа против Република Ирска за делба на првото место во А групата со Португалија.

Стоперот на Фиорентина „ни крив, ни должен“ е запишан како стрелец на автоголот по несмасната реакција на Милинковиќ-Савиќ кој го погоди соиграчот во обид да ја избие топката, која заврши во мрежата на Србија.

Токму Милинковиќ-Савиќ беше стрелец за гостите во 20. минута, но потоа од можен јунак се претвори во трагичар на мечот.

Автоголот на Србите можете да го погледнете ОВДЕ.

Вистинска фудбалска трагедија и се случи и на Босна и Херцеговина на мечот во Зеница против Казахстан. Домаќините со головите на Пјаниќ од пенал и на Менало направија пресврт и водеа со 2:1 до последните моменти,но си дозволија да примат гол во 95. минута.

Бахтијар Зајнутдинов погоди од слободен удар за 2:2 искористувајќи го лошо поставениот жив ѕид на домаќините.

Погодокот на репрезентативецто на Казахстан во претпоследната минута од судиското продолжение можете да го погледнете ОВДЕ.

 

Миленковиќ

- Оглас -

Најнови вести