Балканската легенда е специјалист – Четврти пат едноподруго со различна селекција ќе биде на СП

Вахид Халилхоџиќ е човекот којшто е специјалист за да однесе некоја селекција на Светско првество. Тој по четврти пат во својата кариера ќе оди со националниот тим, овојпат Мароко, во Катар.

Популарниот Ваха, претходно ги носеше селекциите на Брегот на Слоновата Коска (2010 година), Алжир (2014), Јапонија (2018) и сега Мароко. Интересен е податокот дека секојпат кога ќе замине од кормилото на некоја од селекциите, тој пронаоѓа клупски ангажман, а потоа, по завршувањето на обврските, тој повторно наоѓа национален тим.

А резултатите не се за потценување, иако во Мароко тој е цел на критики бидејќи ги изостави најголемите ѕвезди, меѓу која и Хаким Зијех, поради тоа што не се залагаат доволно за репрезентацијата. Но, тоа падна во вода по вчерашната победа од 4:1 над Демократска Република Конго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести