Балканскиот инает на Ибрахимовиќ го урна Далас (Видео)

Црната серија од три порази едноподруго за Лос Анџелес галакси е завршена, благодарение на Златан Ибрахимовиќ. Во дуелот со гостите од Далас, Ибра беше решен да го прекине постот и со два гола, од кои вториот од пенал, му донесе победа на својот тим.

Сега Швеѓанецот има 18 голови сезонава, со што е трети стрелец во МЛС-лигата. За Галакси ова беше четврти меч за десет дена, па „галаксијата“ беше некомплетна, но Ибра најде начин како да му донесе три бода на тимот. Деби пред публиката во Калифорнија во дресот на Галакси имаше Кристијан Павон, кој дојде од Бока јуниорс, а Аргентинецот со асистенција и пенал над него, директно учествуваше при двата гола.

- Оглас -

Најнови вести