Балканските екипи ќе „газат“ во Лигата на Европа

6023 Динамо Загреб – Гент (УЕФА Лига на Европа, 18:45 часот)

За да обезбеди пласман во елиминациската фаза, Динамо Загреб треба да го победи Гент.

Модрите од престолнината на Хрватска на првиот меѓусебен дуел со вечерашниот опонент славеа во Белгија, и тоа со убедливи 3:0.

Иако имаат неколку повредени фудбалери, меѓу кои и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, сепак, благата фаворитска улога е на страната на Динамо.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

6025 Црвена ѕвезда – Лудогорец (УЕФА Лига на Европа, 18:45 часот)

Првакот на Србија се наоѓа во слична ситуација како и Динамо, со победа ќе си обезбеди сигурна европска пролет.

Но, нивниот опонент е далеку послаб и станува збор за бугарскиот Лудогорец, кој е далеку од формата и резултатите што го красеа претходните години.

„Рајко Митиќ“ уште еднаш ќе биде неосвоива тврдина, а Црвена ѕвезда со сигурна игра и три бода ќе се надева на кикс на првопласираната Брага и преземање на лидерското место во групата.

Предлог тип: 1 и 2-5 гола (1.85)

 

6034 Брондби – Лион (УЕФА Лига на Европа, 21:00 часот)

Францускиот претставник со сигурност е прв во групата бидејќи има четири победи од исто толку средби.

Брондби, пак, е последен со два бода, но сè уште е во игра за второто место.

Спарта Прага и Глазгов ренџерс имаат по четири бода и играат во истиот термин.

Иако се очекува Лион да излезе во измешан состав, сепак, погодоците нема да изостануваат и на двете страни.

Предлог тип: ГГ & 3+ (2.09)

 

6036 Монако – Реал Содиедад (УЕФА Лига на Европа, 21:00 часот)

Можеби и најинтересниот натпревар од вечерашната програма од Лигата на Европа.

И двете екипи се наоѓааат на самиот врв во групата, но првото место му припаѓа на Монако со осум бода, кој би бил задоволен и со евентуално реми.

Сосиедад, пак, е втор со два бода помалку, а единствена закана за овие тимови е ПСВ, кој е на пет бода.

Ќе видиме тврд натпревар, а веруваме дека ќе видиме нерешен исход или на полувремето или на крајот од средбата.

Предлог тип: Х кога било (1.75)

 

6794 Рома – Зорја (УЕФА Конференциска лига, 21:00 часот)

По двата катастрофални настапи против Бодо Глимт, Рома и Жозе Мурињо ќе бараат уверливо враќање на победничките патеки во ова натпреварување.

Зорја е аутсајдер на средбата, но и тим кој не смее да се потцени бидејќи има шест бода и се наоѓа веднаш зад Рома и Бодо.

Мурињо нема да го извади најсилниот состав, тоа е факт, но на теренот ќе истрчаат играчи со голем капацитет да му помогнат на тимот да оствари уверлива победа.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.85)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести