Балканско срце јуначко – Нуркиќ почна да тренира по хорор повредата

Јусуф Нуркиќ почна со тренинзи и е блиску до камбек на кошаркарските терени во НБА-лигата, што е одлична вест и за него и за Портланд трејлблејзерс.

Центарот на популарните пионери доживеа фрактура на потколеницата лани во март на дуелот со Бруклин нетс, што е една од најтешките повреди видени во историјата на НБА-лигата.

Се предвидуваше долга пауза од над една година, но рехабилитацијата на Нуркиќ оди побрзо од очекувањата и тој веќе се приклучи на тренинзите со соиграчите од Портланд.

Лани до несреќната повреда Нуркиќ играше одлично за Трејлблејзерс и со 15,6 поени по меч го имаше најдобриот просек во кариерата. Патем имаше и 10,4 скока во просек, па јасно е колку им недостасува на соиграчите.

Портланд сезонава има негативен биланс од 19 победи и 26 порази, но шансите за плејоф сè уште се добри, особено ако се врати Нуркиќ во препознатлива форма.

 

- Оглас -

Најнови вести