Баракудите останаа без медал, Грција е трета ватерполо сила во светот

Грчката ватерполо репрезентација го освои бронзениот медал на Светското првенство по победата од 9-7 над Хрватска во битката за трето место.

Баракудите не успеаја да го одбранат медалот освоен пред три години, па овојпат ќе мора да се задоволат како четврта сила во светот. За Грција ова е трет бронзен медал на Светските првенства, последниот го освои во 2015 година.

Грците добија три од вкупно четири четвртини. Тргнаа со 1-0, па 4-3 и 3-2, додека последниот период припадна на Хрватска со 2-1.

Битката за светската титула меѓу Италија и Шпанија е закажана во вечерниот термин од 20 часот.

- Оглас -

Најнови вести