Барди: Еден час бевме како да сме Барселона против аматерски клуб, но потоа…

Еден од најдобрите и најискусните во составот на Македонија, Енис Барди не го криеше разочарувањето по поразот од Украина. Барди кој даде гол за 1:0 од пенал, едноставно не може да сфати како играта на Македонија толку многу падна во последните 30 минути од мечот.

„Една фудбалски голема Украина цел час ја држевме во шише. До 60 минута игравме како ние да сме Барселона против некој аматерски противник. Потоа се случи проблем. Примивме гол и следуваше неверојатен пад во играта. Психолошки пад. Мора да седнеме и отворено да разговараме меѓу себе. Секој од нас мора да го менува менталитетот. Ни недостасува фокус, концентрација. Наеднаш се губиме на теренот и дозволуваме се да се сруши. Посакувам секој од нас, сам со себе да размисли  и секој сам да најде начин како да се поправи и како да ги корегираме личните грешки. Мора да сме самокритични“, разочарано коментира искусниот Барди.

- Оглас -

Најнови вести