Првиот брејк во полуфиналето за Пелистер: Битолска лекција за Работнички сред Скопје

Кошаркарите на Пелистер со убедлива победа од 63-86 над Работнички на гостински терен го отворија полуфиналето од плејофот и веќе имаат водство од 1-0 во серијата за пласман во финалето.

Победникот на мечот се насетуваше уште на самиот старт, бидејќи Пелистер уште од првата минута имаше водство, кое не го испушти се до крајот на мечот. Работнички не водеше ниту еднаш, дури немаше ниту почетно водство, а битолчани имаа целосна резултатска контрола во текот на целиот натпревар.

Првиот период му припадна на Пелистер со 18-24, додека вториот заврши нерешено за предност на битолчани од шест поени на полувремето. Во второто полувреме вистинска катастрофа за Работнички. Домашните за 20 минути постигнаа само 28 поени, 12 во третата и 16 во четвртата четвртина, додека Пелистер безмилосно го полнеше нивниот кош.

Серијата продолжува во среда, повторно со дуел во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести