Низок лет на „штрковите“: Спартак го натскока МЗТ и го победи во „Јане Сандански“

Кошаркарите на МЗТ Скопје ќе мора да одиграат далеку подобро на гостувањето во Суботица и да наполнат негатива од пет поени разлика, со оглед на тоа дека вечерва загубија од Спартак на домашен терен со 73-78.

Гостите од Србија го добија мечот под кошевите и комплетно го натскокаа МЗТ. Кошаркарите на Спартак имаа дури 46 скока, наспроти само 24 на актуелниот шампион на Македонија.

Мечот започна лошо за МЗТ, со оглед на тоа дека Спартак имаше +8 на првата мини пауза. Оваа предност на гостите беше преполовена во втората четвртина, па на полувремето се замина со резултат од 31-35.

Третиот период беше најдобар за МЗТ Скопје, па нашиот шампион конечно дојде и во водство, но во последниот период наместо таа предност да се зголеми, следуваше фуриозна завршница на гостите од Србија, кои на моменти имаа дури и двоцифрена разлика.

Војдан Стојановски со 20 поени беше најефикасен на мечот, но и тоа не беше доволно за победа на МЗТ Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести