Барди и Миовски за победа и намалување на притисокот врз селекторот Милевски (Фотогалерија)

Фудбалската репрезентација на Македонија конечно го прекина постот од речиси една година без победа, заврши низата од седум натпревари по ред во кои тимот или губеше или ремизираше.

Победата ја најави Енис Барди, кој го отвори резултатот против Ерменија со преубав гол од слободен удар, заслужи да му ги чистат копачките како дел од прославата на погодокот, а точка стави Бојан Миовски.

По овој триумф ќе се намали притисокот и врз играчите и врз селекторот Благоја Милевски, кои оправдано беа жестоко критикувани. Овие момци покажаа дека можат дури и кога се со човек помалку на терен, но им требаше поттик и ветер во грб како слободниот удар на Барди.

- Оглас -

Најнови вести