Енис Барди го постигна третиот погодок во Примера дивисион сезонава, откако попладнево погоди на гостувањето кај Еспањол. Македонскиот репрезентативец е стартер за Леванте, а во 67 минута погоди за водство на гостите од 2:1.
Барди едноставно одлично се снајде во ситуацијата, а откако не успеа неговото додавање кон соиграчот во шеснаесетникот, реши да направи потег со кој исфрли тројца противнички играчи и од околу 16 метри биеше прецизно во мрежата на Еспањол.