Барди ќе биде рекордер со гол против тим кому не му ја тресел мрежата

Енис Барди го чека 18-тиот гол во дресот на Леванте за да се запише во клупската книга со рекорди и да стане најефикасниот странски фудбалер во клубот што е член на Ла Лига.

Во три сезони, колку што настапува за Леванте, Енис постигна вкупно 17 голови и со таков ефект е израмнет на врвот со Мустафа Рига, фудбалер од Гана со холандски пасош.

Зад нив е Аруна Коне, поранешниот репрезентативец на Брегот на Слонова Коска. Барди сега има две шанси уште оваа сезона да биде осамен на врвот како најдобар стрелец странец во Леванте, а му треба само еден гол на последните два меча во Ла Лига.

Првата шанса му е гостувањето на „Балаидос“ во Виго против Селта, во четврток од 21 часот. На Селта досега Барди не ѝ дал гол, па тоа е можност и да стане клупски рекордер на Леванте и да запише уште еден шпански клуб во „тефтерот“ со голови.

Македонскиот репрезентативец најефикасен беше во првата сезона како играч на Леванте. Пристигна од Ујпешт во летниот трансфер-период ов 2017 година и стартната сезона му беше перфектна со дури 9 гола.

Веќе во следната забележа пад и постигна три погодоци за Леванте, еден од нив против Жирона, клучен за опстанок на клубот во Ла Лига. Во претпоследното коло од ланската сезона 2018/19 Енис погоди против Жирона во 89-тата минута за победа од 2:1 на гости и за печат на опстанокот за Леванте.

Во оваа сезона играчот од средниот ред на шпанскиот прволигаш петпати успеа да се запише во листата на стрелците и му треба шестката за да биде најефикасниот странски фудбалер во историјата на Леванте.

По гостувањето во Виго, Леванте ќе игра на домашен терен против Хетафе на 19-ти јули во последното коло од Ла Лига за оваа сезона.

Ова може да биде и последен меч за Барди како играч на Леванте бидејќи има понуда од Арсенал, а за него е заинтересирана и Фиорентина, но и неколку германски екипи.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести