Барди не може, Ѓорги Стоилов ќе му биде замена за Словенија и Полска

Ѓорги Стоилов е дополнително повикан во националниот состав на Македонија за квалификациските мечеви со Словенија и Полска и ќе го замени повредениот Енис Барди.

Стандардниот репрезентативец и играч на Леванте нема да може да игра на двата октомвриски дуели, па Сотилов од Академија Пандев доби повик од селекторот Игор Ангеловски.

За него ова ќе биде деби, ако добие шанса да настапи на 10. октомври со Словенија во Скопје и три дена подоцна со Полска во Варшава.

Ова се двата клучни дуели за Македонија во обидот преку квалификациите да се пласира на следното Европско првенство што ќе се игра идната година.

- Оглас -

Најнови вести