Барди останува во Леванте и покрај испаѓањето во втора лига?

Македонскиот репрезентативен фудбалер, Енис Барди, најави можност да остане во Леванте, иако клубот испадна во втората шпанска лига.

Барди на кого договорот му истекува следниот месец, беше спомнуван како играч кој сигурно си заминува од Леванте, но можеби и не е така, и тој ќе остане во клубот за кој игра од есента 2017 година.

„Пристигнав во Леванте пред пет години, го направив тоа за да растам, со желба да бидам на нивото на овој голем клуб. Заедно доживеавме добри и лоши моменти, а оној од вчера без дилеми е еден од најлошите и најтешки моменти во мојата професионална кариера. Огорчени сме бидејќи не бевме на нивото, не бевме на нивото на навивачите кои и вчера беа на наша страна во овој најлош момент. Можеме само да се заблагодариме за поддршката, и да кажеме дека ЗАЕДНО ќе го вратиме клубот онаму каде што заслужува да биде“ – порача Барди на Инстаграм.

Зборот заедно го нагласи, пишувајќи го со големи букви, и можеби индиректно најавува дека ќе потпише нов договор и ќе се обиде уште во следната сезона да му помогне да се врати во прва лига.

- Оглас -

Најнови вести