Барди со асистенција ја „подмачка“ зарибаната машина на Леванте

Леванте го победи Леганес со 2-0, а македонскиот репрезентативец, Енис Барди, беше асистент при водечкиот гол кој го даде Рочина. Барди го одигра целиот меч, а двата гола кои беа слични еден со друг, беа постигнати во првото полувреме. Оваа победа му помага на клубот од Валенсија да се зацврсти во средината на табелата.

Мадридски Леганес заедно со Мајорка се единствените два тима кои не знаат за гостинска победа сезонава во шпанското првенство. Роџер Марти со 10 гола е најефикасниот шпански фудбалер сезонава, а со 53 погодоци стана и најдобар стрелец на Леванте во последните 30 години.

Леванте од 21 септември наваму (тогаш одиграа 0-0 со Еибар), секогаш примаше гол, но и таа црна низа е завршена, и конечно ја одбранија својата мрежа. За Леванте, ова се првите бодови во 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести