Барди со Леванте на тешко гостување во Сан Себастијан

Реал Сосиедад – Леванте (21 часот)

Бројните повреди на Сосиедад може да бидат кобни во дуел против екипа која се бори што побрзо да обезбеди опстанок во шпанската елита. Енис Барди и неговиот Леванте ќе имаат тешка задача да останат непоразени во Сан Себастијан, во спротивно ќе се продолжи нивната серија на четири порази по ред во Ла Лига.

Во корист на Реал Сосиедад е фактот што против Леванте немаат пораз на домашен терен веќе седум години, но ниту нивната форма не ветува дека во овој меч лесно ќе стигнат до бодови. Во првата овосезонска пресметка, Леванте загуби дома со 3-1 од Сосиедад, па ова ќе биде шанса за реванш.

Предлог тип: Т1 1+I & T1 2+ (2.40)

 

Б. Менхенгладбах – Фрајбург (20:30 часот)

Менхенгладбах и Фрајбург изминативе неколку години си ги делат меѓусебните мечеви од Бундеслигата на по една победа. Кој е домаќин, тој победува, а ако се оди по таа логика, тогаш следен е тимот од Борусија да освои три бода бидејќи Фрајбург славеше со 3-1 во пресметката од деветтото коло која се одигра во октомври минатата година.

Менхенгладбах одлично ја започна сезоната, во првиот дел беше при врвот, веднаш зад ривалот Дортмунд, но сo слабите резултати во изминатиов период паднаа на четвртото место, со еднаков број бодови колку и Лајпциг (46). Фрајбург за нијасна има подобар учинок од последните неколку натпревари во германскиот шампионат. Загубија само еднаш во шест меча, двапати освоија по три бода, додека ремизираа трипати.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.50)

 

Спортинг Лисабон – Санта Клара (21:30 часот)

По елиминацијата од Вилјареал во Лигата на Европа, Спортинг се фокусираше на португалскиот шампионат, меѓутоа четврто место никако нема да биде доволно за екипа која има амбиции да се бори за титула. Формата им е речиси перфектна, четири победи и реми во последните пет меча, значи дека во добро расположение ќе ја пречекаат Санта Клара.

Се очекува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски повторно да биде на десната бековска позиција, особено што Бруно Гаспар се соочува со настинка.

Предлог тип:1-1 3+ (2.60)

 

Калјари – Фиорентина (20:30 часот)

„Виолетовите“ триумфираа со минимални 1-0 кога последен пат гостуваа кај Калјари, но „сардинците“ им вратија со иста мера во возвратниот дуел. Тоа беше минатата сезона, додека оваа сезона првиот пат кога играа, ги поделија бодовите при 1-1. Фиорентина веќе три првенствени дуели се мачи да освои три бода, ремизираше со Интер и Лацио, додека претпрпе пораз од Аталанта. Калјари, пак, по серијата порази, успева да украде по некој бод, како што направи против Интер пред две кола, совладувајќи ги „нераѕурите“ со 2-1.

Во составот на домаќините ќе недостасуваат неколку првотимци, пред сè во одбраната, додека Фиорентина ќе биде ослабена во офанзивниот дел бидејќи Пјаца долго време ќе го нема на терените, а под знак прашалник е настапот и на Федерико Кјеза.

Предлог тип:  X2 1-3 (2.07)

 

Лил – Монако (20:45 часот)

По крајот на оваа сезона, Лил ќе ја преземе улогата од Монако како вицешампион во Франција бидејќи речиси е сигурно дека „данските доги“ ќе завршат зад ПСЖ. Воедно, Монако сега се наоѓа во позиција каде што до лани беше Лил, во борба за опстанок. Се чини дека ќе успее во тоа, откако се врати Леонардо Жардим на клупата, се вратија и добрите резултати.

Што се однесува до меѓусебните пресметки, Монако е поуспешен во изминативе неколку години, славеа на пет од последните седум меча против Лил, додека „догите“ последен пат триумфираа во 2016 година. Двете екипи се во добра форма, непоразени се на последните пет првенствени средби, а секако се најавува интересна пресметка.

Предлог тип: ГГ3+ (2.50)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести