Барди во Леванте доби тренер кој досега работеше во Кина

Шпанскиот прволигаш Леванте го назначи Хавиер Переира за нов тренер. Според договорот, Переира ќе биде на клупата на Леванте до јуни 2022 година, со опција за продолжување уште на две години.

Переира на клупата доаѓа на местото на Пако Лопес, кој во неделата беше сменет по поразот од Мајорка. Леванте очајно ја започна сезоната и по осум одиграни кола нема ниту една победа, па само со четири бода се наоѓа на 18-тото место на табелата.

Ова нема да биде прво искуство на Переира во Леванте, клубот каде што работеше и како помошен тренер во периодот од 2011 до 2013 година. Тој бил тренер и во Алавес, а работел и во екипите на Саламанка, Картагена, Валјадолид, Ватфорд, Макаби Тел Авив, Фулам, а последен клуб му беше Хенан Џианје во Кина.

 

- Оглас -

Најнови вести