8.8 C
Skopje
среда, 25 февруари 2026

Барела: Честитки за Бодо, нè победија дома и на гости

Неочекувано, но сосема заслужено, Интер е елиминиран од Лига на шампиони. Нераѕурите вечерва со 1:2 на свој терен загуби од Бодо/Глимт, а ако се додаде дека норвешкиот тим славеше со 3:1 и на првата средба, италијанскиот гигант е елиминиран со вкупно 2:5.

По поразот на „Џузепе Меаца“, еден од најдобрите во редовите на Интер, Николо Барела призна дека Интер загубил од подобар ривал.

„Примивме гол по една индивидуална грешка. Тоа се случува во фудбалот. Најтешко беше први да го постигнеме тој посакуван гол, но не успеавме. Бодо заслужува честитки, нè победија дома и на гости, па очигледно заслужија да продолжат понатаму“, изјави Барела по мечот во Милано.

Италијанскиот репрезентативец додава дека фокусот на Интер сега е да се освои титулата во Серија А.

„Не го криеме разочарувањето затоа што сакавме да стигнеме подалеку во ова натпреварување. Ние се обидовме, тие беа подобри. Нашата цел сега останува да го освоиме Скудетото. Тоа беше наша примарна цел од почетокот на сезоната“, додаде Барела.

- Оглас -

Најнови вести