Рос Баркли не дозволи да се случи четврто реми денеска во петтото коло од Премиер лигата, па со својот втор гол за Астон вила им донесе победа на гостите од 1-0 против Лестер.
Позајмениот играч од Челзи во првата минута од судиското надополнување ја расипа забавата на иксови, па Астон вила има максимален учинок по четири одиграни натпревари и стои високо на второто место на табелата со 12 бода.
https://twitter.com/FastGoal5/status/1317920651945136129
Претходно денес со идентични 1-1 ремизираа Шефилд и Фулам, односно Кристал палас и Брајтон, додека најитересно беше на средбата меѓу Тотенхем и Вест хем.