Бомбата која го расипа камбекот на Бејл во дресот на Тотенхем (видео)

Тотенхем од убедливи 3-0 испушти чиста победа против Вест хем во малото градско дерби кое заврши со реми од 3-3. Петлите ја испуштија победата која почнаа да ја градат уште од првата минута преку Сон, па со два брзи гола на Кејн тимот на Мурињо водеше со 3-0 за помалку од 20 минути.

За екипата од Северен Лондон дебитираше Герет Бејл откако се врати од редовите на Реал Мадрид. По седум години, или точно 2.709 дена, Бејл повторно трчаше на премиерлигашки терен во дресот на Петлите.

Но, откако Бејл влезе во 72-та минута, гостите почнаа да играат многу подобро, па така Вест хем за само три минути намали на 3-2. Се играше последната минута од дополнителните четири, кога Ланзини од триесетина метри упати експлозивен удар и ја затресе мрежата на Лорис за конечни 3-3.

https://twitter.com/noobfcb/status/1317879099470323713

- Оглас -

Најнови вести