Барнли го искористи својот џокер – Со еден гол до сефте победа во Премиер лигата (Видео)

Шон Дајш го употреби стариот добар рецепт на Барнли и успеа конечно да победи на домашен терен, а голот на Крис Вуд во осмата минута беше доволен за сефте триумф на популарните Кларетс на домашен терен.

Во тврд меч домаќините рано поведоа и потоа умешно се одбранија од јаловите напади на Кристал палас.

https://twitter.com/noob_fcb/status/1330932618901266433?s=20

Голот на Вуд е интересен бидејќи со него се затвори кругот во Англија и сега сите домашни екипи во најсилните четири ранга постигнале барем по еден гол на свој терен.

За Барнли ова е и првата победа воопшто во новата сезона во Премиер лигата, а со погодкот на Вуд конечно успеаја да ја затресат мрежата на ривалите во англиското првенство по долга пауза од четири меча без гол.

 

 

- Оглас -

Најнови вести