Синдикатот на професионални фудбалери, ФИФПРО објави дека будно ја следи ситуацијата со Френки Де Јонг, играч на Барселона, кој има побарување од Каталонците од 17 милиони евра.
Холанѓанецот одби да му биде намалена платата во Ковид кризата, а и не сака да си замине од Барселона, иако клубот сака што поскоро да го продаде, за да направи баланс во буџетот.
На Де Јонг, Барселона му нуди 7 милиони евра, или 10 помалку од тоа што му должи за да се затвори долгот.
Манчестер јунајтед упорно се обидува да го купи Де Јонг од Барселона, но Холанѓанецот не сака да си оди, а и Каталонците бараат повеќе пари од тоа што го нудат англиските Црвени Ѓаволи.
Ситуацијата е комплицирана и Барса моментно е под надзор на фудбалскиот синдикат со цел да се спречи уцена кон Де Јонг и евентулен мобинг за да прифати 7 милиони евра, наместо да му биде исплатен целиот долг од 17 милиони евра.