Барса го одбра Ел Маестро – Кике Сетјен е нов тренер на гигантот

Раководството на Барселона донесе одлука и го одбра Кике Сетјен за нов тренер по отказот за Ернесто Валверде. Шпанските медиуми објавија дека сè е веќе готово и дека 61-годишниот стратег чека промоција кај шампионот.

Популарниот Ел Маестро ќе добие вистински џекпот во финишот на кариерата како тренер, а тренерлукот во Барселона ќе му биде врв на кариерата.

Претходно Кике беше кормилар на Расинг Сантандер, Поли Ехидо, Логронес, Луго, Лас Палмас и Бетис, а беше и селектор на Екваторијална Гвинеа.

Попладнево на состанок на раководството на Барселона беше разрешен од позицијата тренер Ернесто Валверде, со што шпанскиот гигант прекрши едно правило кое траеше 17 години.

Последен тренер што доби отказ пред Валверде е Луис ван Хал во 2003 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести