Барселона официјално го објави враќањето на Жоао Кансело на „Камп ноу“, видеото беше придружено со порака: „Човек кој ја сака Барселона“, каталонскиот клуб го зеде бекот на Ал-Хилал на позајмица до крајот на сезоната.
Беше објавено и дека Португалецот ќе носи дрес со бројот 2. Сепак, Блауграните подоцна ги избришаа сите објави за трансферот на португалскиот репрезентативец од нивната веб-страница и од социјалните мрежи. Сега единствената вест што остана на страницата е дека португалскиот репрезентативец ги помина медицинските прегледи.
Проблем е еден документ што го бара Ал-Хилал и поради тоа презентацијата на Кансело која требаше да се случи во 13.00 часот е одложена, сега новиот термин е 16.45.
Трансферот на Кансело не е доведен во прашање, но Барса сè уште чека одговор од саудискиот клуб за да го потврди потпишувањето на позајмицата.

