Најинтересниот меч во Евролигата вечерва се одигра во Милано, каде малку фалеше да бидеме сведоци на веројатно најголемиот пресврт во историјата на најсилното европско клупско натпреварување.
Манекените после 30 минути игра водеа со огромни 78-51 и беа убедени дека ја завршиле работата и премногу се опуштија, а за малку ќе беа сурово казнети за тоа.
Барселона ја намалуваше негативата, направи серија од 11-0 на стартот на последната четвртина. На 3,20 минути до крајот, Милано водеше со 82-68, по што Катаонците направија серија од 10-2. Потоа две тројки на Саторански внесоа драма, Барса дојде на 84-86. Шилдс на две секунди до крај погоди едно слободно фрлање за конечни 87-84, а Шенгелија од голема далечина упати шут за три поени.
Милано победи, но последната четвртина ја загуби со 9-33 и научи лекција за во иднина.
Валенсија го совлада Жалгирис со 91-87, а Американецот со македонски пасош Омари Мур беше прв стрелец во победничкиот тим со 16 поени.

