Барса и Атлетико се плашеа да не загубат, па му направија услуга на Реал

Барселона и Атлетико Мадрид не успеаја да си дадат гол, големото дерби заврши 0-0, и тоа е резултат кој значи дека двата тима остануваат со шанси за титула, но не зависат само од себе, туку и од Реал Мадрид. Реал ако ги добие сите последни четири меча, ќе ја одбрани титулата, но Кралскиот клуб има убедливо најтежок распоред, кој им почнува утревечер против Севилја, која уште има некакви теоретски шанси за титука ако утре слави.

Барса и Атлетико уште од далечната 1973 година немаа одиграно 0-0 на лигашки меч на „Камп Ноу“, но денеска беа премногу претпазливи, а и оние шанси кои ги имаа, не ги искористија. Диего Симеоне остана без победа на гости кај Барселона како тренер, но Јан Облак првпат не прими гол на гости во Барселона и Атлетико стана прв тим кој сезонава не прими гол на најголемиот стадион во Европа.

- Оглас -

Најнови вести