Барса и Челзи во уште една сапуница: Севилја го притиска за трансфер во Лондон, Кунде ги чека Каталонците

Барселона и Челзи месецов неколкупати наидоа на меѓусебна војна за ангажирање на фудбалери за кои двата клуба покажуваа интерес, а Каталонците излегуваа како победници.

Челзи извиси за потписот на Рафиња иако трансферот од Лидс му беше договорен, додека Барса успеа да го убеди Дембеле да ја обнови соработката, а тимот од Лондон со побогатата понуда не го доби без отштета. Лондончани исто така си ја пробаа среќата со Левандовски, кој пак без размислување одби таква опција и чекаше Барселона да собере средства за да го комплетира неговиот трансфер од Баерн, што се случи пред неколку дена.

Сега нешто слично се случува и во случајот со Жулс Кунде, дефанзивецот на Севилја. Тимот од Андалузија ја прифати понудата на Сините, која изнесува до 65 милиони евра со одредени бонуси, кои пак веќе подготвија документи за договор на Французинот и го чекаат на медицински прегледи. Кунде во меѓувреме беше изоставен од подготовките на Севилја во Португалија, но стоперот наместо да се упати кон Островот, денес самоволно се приклучи на екипата за да тренира и да ја одржи формата, со индикација дека ги чека Каталонците да ја израмнат понудата на Челзи и да потпише за шпанскиот гигант.

Трендот на трансфер-сапуници продолжува, досега посведочивме на саги какви што ретко се случувале во минатото, а којзнае како ќе биде до крајот на летниот преоден рок.

- Оглас -

Најнови вести