3.8 C
Skopje
вторник, 25 ноември 2025

Барса има само една победа на 8 меча на „мостот“, но со Флик како секогаш да тргнуваат со 1-0

Челзи – Барселона е дербито на вечерта во Лигата на шампионите. Сините и Каталонците можеби ќе потсетат на нивните легендарни дуели кои уште се паметат.

Барса осумпати гостувала на „Стемфорд бриџ“ и победила само еднаш во 2006 година (тогаш Ламин Јамал не бил роден), а има пет порази. Но, најголемата радост на Барселона во Лондон не беше таа победа во 2006, туку ремито 1-1 во 2009 кое им донесе финале во ЛШ. Тој гол на Иниеста и судиските одлуки на Норвежанецот Овребо уште ги болат и ги печат фановите на Челзи.

Барса речиси 20 години нема победа на „Стемфорд бриџ“, а сега има тим кој во 2025 година дава барем еден гол на секој натпревар и тоа може да им биде голем плус и да им донесе прекин на црната серија.

- Оглас -

Најнови вести