Засега нема ништо од враќањето на Барселона на реновираниот „Камп ноу“ и официјално на првиот домашен натпревар во сезоната Барса ќе ја пречека Валенсија на стадионот „Јохан Кројф“.
„Камп ноу“ не ги добил сите потребни дозволи за повторното отворање, кое ќе биде одложено за неколку недели. Барселона не можеше повторно да го користи „Монжуик“ бидејќи овој стадион беше резервиран за средината на септември одамна, па ќе мора да игра на „Јохан Кројф“. Тоа исто така е и стадион на Барса, каде што игра женскиот тим и има капацитет од 6.000 седишта.
Се шпекулира дека Барселона само в недела ќе го игра овој домашен натпревар на стадионот „Јохан Кројф“, а дека следните два домашни натпревари најверојатно ќе бидат на „Монжуик“ доколку „Камп ноу“ не е подготвен.
Што се однесува до Лигата на шампионите, УЕФА ѝ угоди на Барселона и ѝ дозволи да го користи „Камп ноу“ дури и ако не се подготвени за првиот домашен натпревар на први октомври против Пари Сен Жермен.