Барса конечно се ослободи од играчот што го плати 180 милиони евра и не покажа ништо

Барселона конечно успеа да го продаде Фелипе Кутињо. Бразилецот којшто дојде во каталонскиот гигант за околу 180 милиони евра кариерата ќе ја продолжи во Астон вила, тимот каде што е во моментов на позајмица.

Премиерлигашот ќе плати 20 милиони евра за Кутињо, што е девет пати помалку од тоа што Барса му плати на Ливерпул, но новото раководство на тимот имаше само една цел.

А таа е да се ослободи од играчите коишто навистина земаат огромни плати, а немаат никаков придонес во тимот, кој токму поради тоа западна во финансиска криза.

За тимот од „Вила парк“, Бразилецот сезонава одигра 16 натпревари, а има и четири асистенции.

- Оглас -

Најнови вести