Виктор Осимен треба да биде замената за Хулијан Алварес во Атлетико Мадрид?!

Атлетико Мадрид сериозно ја разгледува можноста за ангажман на нигерискиот напаѓач Виктор Осимен поради неизвесноста околу иднината на Хулијан Алварес, кој сè почесто се поврзува со трансфер во Барселона.

Според шпанските медиуми, мадридскиот клуб внимателно ја следи ситуацијата околу Осимен, но конкуренцијата за неговиот потпис е огромна. Интерес за нигерискиот голгетер покажуваат и Манчестер јунајтед, Арсенал и ПСЖ.

Осимен е член на Галатасарај од летото 2025 година и зад себе има одлична сезона. Во натпреварувачката 2025/26 одигра 33 натпревари, постигна 22 гола и забележа осум асистенции.

Неговиот договор со турскиот шампион е со важност до летото 2029 година, што значи дека Галатасарај нема притисок да го продава напаѓачот.

Според проценката на „Трансфермаркет“, вредноста на Осимен во моментов изнесува околу 75 милиони евра.

Доколку Хулијан Алварес навистина го напушти Атлетико ова лето, Виктор Осимен би можело да стане една од главните трансферни цели на клубот во потрагата по нов лидер во нападот.

 

- Оглас -

Најнови вести