Новиот шампион на Македонија, Вардар, имаше најмногу репрезентативци на неодамнешниот собир и дуелите против Босна и Херцеговина и Турција, па раководството на „црвено-црните“ одлучи да им даде дополнително време за одмор.
Вардарци со подготовките започнуваат на 8 јуни, а на 11-ти се патува за Италија, во местото Норчиа, каде ќе се одвива главниот дел од подготовките за настапот во фудбалска Европа, но и за новото првенство.
Сепак, петмината репрезентативци – Талески, Велковски, Јанкулов, Николов и Омерагиќ, во Италија ќе се приклучат на 13 јуни.

