Барса мерка талентирани браќа од Киево

Иако се очекуваат доста промени во редовите на Барселона со цел екипата да биде поквалитна за новата сезона, раководството на клубот моментално работи на ангажмани кои во иднина треба да ги оправдаат средствата. Имено, како што најавија неколку италијански медиуми, Барса има намера да ги купи браќата Вињато од Киево, а за да дојдат на „Камп ноу“ во пакет, Каталонците најверојатно ќе исплатат околу осум милиони евра

Емануел е постариот брат и има 18 години, а игра на позицијата офанзивен везен играч. Тој веќе се наметна во сениорскиот тим на Киево и сезонава запиша 10 настапи, а постигна и дебитантски гол против Лацио во победата од 2-1, како и една асистенција во ремито против Парма.

Самуеле Вињато има 15 години, а најдобро се снаоѓа во офанзивата. Во младинската лига покажа дека има квалитети да биде врвен фудбалер, а сето тоа го забележа Барселона, па токму затоа ги сака двајцата браќа во пакет.

Сепак, шпанскиот првак ќе има конкуренција од Јувентус и Интер за потписите на двајцата таленти, па допра ќе се види дали ќе направат храбар потег и како тинејџери ќе се преселат во Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести