10.8 C
Skopje
сабота, 31 јануари 2026

Барса со Флик оди на сè или ништо: имаат само две ремија на 33 меча!

Германскиот стручњак Ханси Флик пишува историја со Барселона, неговиот пристап отсекогаш е да оди на победа, никогаш не калкулира со нерешен исход.

Неговата порака до своите играчи е јасна: одете на победа, дајте сè од себе. И тоа се рефлектира во неговата статистика: 70 победи од 93 натпревари.

Оваа сезона има 26 победи и 5 порази, а само две ремија. Барса со Флик на клупата одигра само двапати нерешено во 33-те официјални натпревари одиграни досега: еднаш против Рајо Ваљекано во Ла Лига и оние 3-3 со Клуб Брижи во Лигата на шампионите.

Во последните 60 години, во оваа фаза од сезоната, само со Луис Енрике како тренер во 2014-2015 година, Барса има забележано два нерешени резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести