Барса со луда серија надополни -11 разлика и го доби шпанското дерби против Басконија

Барселона продолжи во победнички ритам и во шпанското дерби против Басконија кое го доби на драматичен начин со минимални 72:71. Каталонците извлегоа сензационална победа на гостувањето во Виторија надополнувајќи -11 поени разлика за само три минути, па со успешна одбрана во последните секунди ја одбранија победата.

Тимот на Јасикевичиус беше подобар во првите три четвртини резултатски гледано, меѓутоа Басконија со максимални напори оствари двоцифрена предност во клучни моменти од средбата. На три минути до крајот, Барселона оствари серија 11-0, за потоа да се одбрани во двата последни напади на домаќините за петта победа по шест кола.

Миротиќ со 18 поени и 7 скока беше најефикасен во гостинскиот состав, како одговор на 15-те поени на Драгиќ како светла точка од редовите на Басконија.

- Оглас -

Најнови вести