Барса стравува – Песимистички прогнози за Пике, долго ќе паузира и Роберто

Џерард Пике има голем проблем, а ги истегна лигаментите на коленото на дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Барселона и ќе паузира подолго.

Според најавите што се песимистички паузата за стоперот на Барселона би можела да биде до четири месеци, иако каталонските медиуми најавуваат дека Пике може многу порано да се врати на терен.

За негова среќа нема скинат лигамент, истегнати се предните вкрстени лигаменти и страничниот лигамент на десното колено, па процесот на рехабилитација коже да биде и покус. На истиот меч се повреди и Серхи Риберто.

Универзалецот на Барселона го повреди бутниот мускул, а како што објавија од Барселона се очекува пауза од два месеци.

Надвор од строј се и Ансу Фати, Серхио Бускетс, Умтити… што му создава мнлгу главоболки на Роналд Куман.

Барселона дополнително и го загуби дербито со Атлетико Мадрид и падна на 11. позиција, а може да се лизне уште подолу, во зависност од резултатите на преостанатите мечеви во 10. коло во Ла Лига.

 

- Оглас -

Најнови вести