30.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Барса тргнува по турскиот бисер Кенан Јилдиз

Ханси Флик сака ново оружје во нападот на Барселона и како приоритет го означил Кенан Јилдиз од Јувентус. Германскиот тренер верува дека 20-годишниот Турчин може да стане столб на неговиот проект на „Камп ноу“.

Флик дури смета дека Јилдиз е талентиранo понапреден од Арда Ѓулер од Реал Мадрид. Брзината, силата и снаодливоста во шеснаесетникот го прават совршен играч за визијата на Барса. Дополнителен плус е неговата разновидност, може да настапува и како крило и како втор шпиц.

Претседателот Жоан Лапорта стои зад идејата и во Јилдиз гледа стратешко засилување за иднината. Но, проблемот е цената, Јувентус бара минимум 80 милиони евра, иако пазарната вредност на напаѓачот е околу 50 милиони.

Каталонците се свесни дека сумата е висока, но исто така знаат дека вакви таленти ретко се појавуваат и можат да донесат голем профит во иднина.

- Оглас -

Најнови вести