Раководството на Барселона и официјално испрати барање во Фудбалскиот Сојуз на Шпанија да и биде признаен трофејот од Медитеранската Лига во 1937 година. Таа година првенството на Шпанија не се одигра, бидејќи се водеше граѓанска војна која започна во 1936 година и траеше се до 1939 година. Во овој период официјални првенства на Шпанија не се играни, па клубовите играле во други натпреварувања.
Барселона таа година го освојува Медитеранското првенство, но ФС на Шпанија не го признава овој трофеј. Од каталонскиот тим веќе имаат поднесено вакво барање во 2009 година, но тоа тогаш беа одбиени. Сега надеж им влева тоа што на екипата на Леванте и беше признаен трофејот од Купот на слободна Шпанија, како трофеј од официјалниот Куп на Шпанија. И ова натпреварување тогаш било неофицијално и до скоро време непризнато од шпанската федерација.
Трофејот кој Барселона го освоила од ова натпреварување е загубен, но како сведок на случувањата е зачувано знаменцето кое капитенот на Барселона го разменил со капитенот на Леванте на 11.04.1937 година.
Доколку Барселона успее да добие признавање и на овој трофеј, тоа ќе биде за нив 27-ма титула во шпанското првенство. Оваа сезона се убедливо први и многу извесно дека ќе бидат шампиони, со што значително ќе му се доближат на Реал Мадрид кој има 35 титули шампион на Шпанија.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1073890429458890753?s=20