Барселона доживеа нокаут: Гави веќе не e играч во сениорскиот состав!

Веќе неколку дена Барселона е дел од голем скандал по обвиненијата дека учествувала во корупција и дека со години вршела исплата на сметка на Хозе Марија Енрикез Негреира, кој е поранешен судија и екс потпретседател на шпанскиот судиски комитет.

Уште не се стивнати реакциите за овој скандал, а денеска следуваше нов шок за Барселона. Судот го поништил договорот на младиот играч за врска, Гави и тој од денеска не се води како играч од првиот тим.

Каталонскиот гигант неодамна го регистрираше Гави според кој 18-годишниот талент од младинскиот состав, станува дел од сениорскиот тим. На тој начин Гави доби дозвола да потпише професионален договор (како младинец играше со аматерски договор), според кој треба да заработува осум милиони евра по сезона.

Гави може да продолжи да игра за Барселона, но како младинец, што значи дека нема да може да ги добива парите од професионалниот договор, односно клубот нема да има како да ги оправда осумте милиони евра за Гави.

Правниците на Барселона задоцниле со тужбата против Примера дивисион кога и успеаа да го регистрираат Гави во првиот тим. Челниците на Примера претходно ветија дека до последен ден ќе се борат против регистрацијата на Гави и сега успеаа во тоа.

Ако оваа одлука биде конечна, Барселона е во опасност да го загуби еден од најголемите таленти. Аматерскиот договор на Гави истекува на крајот од сезоната, а каталонците моментално немаат финансиска моќ да му даваат осум милиони евра по сезона.

Гави ќе продолжи да игра за Барселона, но ќе мора да го врати дресот со бројот 6 и повторнод а го носи дресот со бројот 30 (играчите од младинската селекција не смее да носат броеви од 1 до 22). Бројката на дресот е најмал проблем за Гави и Барселона. Останува да се види дали во следниот период каталонскиот гигант ќе успее да го среди договорот со талентот, кој може да си замине од „Камп Ноу“ на крајот од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести