Барселона два пати се обиде да го ангажира, а сега тој сам и се нуди

Фудбалерот на Челзи, Хаким Зијеш, сака да си замине од „Стемфорд бриџ“ и да се пресели во Барселона како замена за Мемфис Депај кој пак потпиша за Атлетико Мадрид, пишува каталонскиот весник „Спорт“.

Според весникот, Зијеш сам му се нуди на тренерот на Барселона, Чави Ернандез, бидејќи не е задоволен од минутажата во Челзи.

Интересно е што Барселона во минатото два пати неуспешно се обиде да го ангажира Зијеш. Првиот обид на Барселона беше во 2020 година, но Зијеш го одбра Челзи, а минатиот јануари, преговараше со Сните за позајмица на мароканскиот репрезентативец.

Хаким Зијеш оваа сезона настапи на само 14 натпревари за Челзи и не постигна ниту еден гол.

- Оглас -

Најнови вести