Барселона е „натрапникот“ во полуфиналето на Копа Либертадорес

Еквадорскиот тим Барселона од Гвајакил, се пласира во полуфиналето на Копа Либертадорес откако на свој терен одигра 1-1 со бразилскиот Флуминенсе и оди понатаму. Првиот меч во Рио де Жанеиро заврши 2-2. Така, Барса спречи тотална доминација на бразилските клубови во јужноамериканската Лига на шампиони.

И вака е испишана историја, првпат во полуфиналето има три тима од иста земја, а првпат по 11 години, во полуфинале нема ниту еден аргентински клуб. Барселона е единствениот клуб во последните четири години кој играл полуфинале во Копа Либертадорес, а не е од Бразил или Аргентина.

Во полуфиналето, Барселона ќе игра со Фламенго, а другата полуфинална двојка е Атлетико Минеиро – Палмеирас.

- Оглас -

Најнови вести