Барселона го договори првото засилување

Шпанскиот првак Барселона го договори првото засилување во јануарскиот преоден рок, тврди италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Според пишувањата, нов играч на каталонскиот гигант е Ариен Рабио од ПСЖ. Сепак, овој трансфер нема да се реализира сега, туку на крајот од сезоната.

Рабио има уште шест месеци од договорот со ПСЖ, но играчот за врска одби да потпише нов договор со францускиот тим. „Светците“ не се согласиле да му дадат големо зголемување на платата, па Рабио реши да не потпише нов договор. Поради тоа, тренерот на ПСЖ, Томас Тухел го прати Рабио на трибините и на него нема да смета до крајот на сезоната.

Тоа значи дека Рабио нема да одигра ниту еден официјален меч се до доаѓањето на летото, кога и ќе биде претставен како нов играч на Барселона. Според најавите, каталонскиот гигант се согласил да му даде плата од 10 милиони евра по сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести