Генијалецот Меси е газда во каталонската престолнина (Видео)

Барселона со огромни 4-0 славеше над Еспањол во каталонското дерби кое се одигра во рамките од 15. коло во Ла Лига. Актуелниот шпански првак се врати на чело на табелата, благодарение на мајсториите на Меси, Суарез и Дембеле.

Аргентинецот го постигна својот прв гол на мечот во 17-тата минута, од слободен удар го матираше Диего Лопес. Дембеле во 26-та минута зголеми на 2-0, а пред финишот на првото полувреме Суарез со негова мајсторија практично го реши победникот.

Во тек беше 65-тата минута кога Меси одново го совлада голманот на Еспањол. Слична ситуација, повторно слободен удар, а Меси беспрекорно ја смести топката зад грбот на Лопес.

Барса сега е прва на табелата со 31 бода, два повеќе од Севилја, додека Еспањол го претрпе четвртиот последователен пораз, но остана на деветтото место со 21 бода.

https://www.dailymotion.com/video/x6ympht

https://www.dailymotion.com/video/x6ymq0g

https://www.dailymotion.com/video/x6ymqjg

https://www.dailymotion.com/video/x6ymrsj

- Оглас -

Најнови вести