Барселона со 3:0 славеше над Атлетико Мадрид во реванш мечот од полуфиналето на Купот на Шпанија, но оваа победа не беше доволна за каталонскиот гигант да се пласира во финалето на Купот. Мадридскиот клуб иако вечерва загуби на „Камп Ноу“, на крајот се радуваше на пласман во финалето и тоа е благодарение на победата од првиот меч кога беше 4:0 за Атлетико.
Барселона од почетокот на средбата тргна офанзивно, но речиси половина час се чекаше до првиот гол. Марк Бернал погоди за 1:0 најавувајќи дека каталонскиот гигант е решен да се бори до последен момент. Погодокот на Бернал може да ги видите ТУКА.
Продолжи Барселона да напаѓа и во последните моменти од првиот дел, беше досуден пенал по фаулот над Педри. Сигурен реализатор за 2:0 беше Рафиња и овој гол може да го видте ТУКА.
Во второто полувреме продолжи доминацијата на домашниот тим, а тоа резултираше со уште еден погодок на Бернал. Се играше 72 минута кога играчот на Барселона одлично се снајде по еден центаршут и погоди за 3:0, а овој погодок може да го видите ТУКА.
До крајот на мечот Барселона продолжи да напаѓа, но Атлетико Мадрид се одбрани да не прими четврти гол и на крајот гостите се радуваа на пласман во финалето на Купот. По овој резултат остана јасно дека и по пауза од 49 години не се случи еден тим кој имал негатива од четири гола по првиот меч во Купот, да оди понатаму и во реваншот да надополни толку голема негатива.

